Цермат продажната академија, претставува нов проект кој е имплементиран на почетокот на 2020 година.

Нашата продажна академија претставува основа која ги вклучува сите наши активности поврзани со обука и развој на нашите вработени во сектор продажба, при тоа градејќи вистински можности за подобрување и поголема ефикасност и ефективност во работењето, при секој чекор во скалата на продажба, градејќи високомотивирани, енергични и продажно ориентирани тимови, ориентирани кон нашите купувачи и нивните потреби.

Академијата претставува клучна алатка за развој на нашиот тим за продажба, во која се содржани интерактивни програми кои им обезбедуваат на нашите вработени како и на нашите нови колеги, нови теоретски знаења поврзани со комуникациски вештини, типови на продажба и слични методи и алатки поврзани со продажбата, но исто така и теренска поддршка, коучинг и самоевалуација. Сите овие алатки и техники се неопходни во насока на наше претставување на пазарот на највисоко можно ниво.

Цермат продажната академија се состои од три типа на обуки и тренинзи и тоа:
  • Основна обука за нови колеги
  • Напредни специфицирани обуки за вработени во продажба
  • Коучинг сесии и теренски посети.