Цермат, единствениот македонски извозник на сладолед во ЕУ, и оваа година продолжува со рекорден извоз низ светот. Компанијата што се најде на листата на топ 100 извозници во државата повторно бележи раст на производството и на извозот, со најголем процент на извоз во повеќе од дваесет држави во светот.
Во минатата 2021 година, Цермат успешно реализира рекорден извоз од 6,3 милиони литри, што истовремено е најголемото количество сладолед извезено од државата досега. Дневното производство на компанијата изнесува 500 000 парчиња.
Тел: +389 47 226 671 Моб: +389 70 237 770 Фах: +389 47 237 671
Е-маил за извоз: export@cermat.com.mk
Новачки пат ББ, 7000 Битола, С.Македонија