Историја
Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. Континуирано воведува нови производи во асортиманот како што се: замрзнато овошје и зеленчук, лиснато тесто, замрзната риба, млечни и кондиторски производи.
Македонска семејна приказна што започна во Битола како семеен бизнис, денес лидер меѓу производителите на сладолед и замрзнати производи во регионот. Уникатни, секогаш достапни, иновативни, креативно-тимски тоа е Цермат препознатливата формула за успех.
Во компанијата владее европскиот дух, современ начин на функционирање и уникатен животен стил. Цермат, чија силна страна е Иновативноста во маестралната изработка на продуктите и посветеноста во извозот на светскиот пазар, своите успеси ги постигнува благодарејќи на тимот што е искрено посветен на постојаниот развој, љубопитноста и храброста при истражувањето и комбинирањето на вкусовите, но и задоволувањето на желбите на потрошувачите.
Флексибилноста во изработката на нови и уникатни форми и вкусови, како и постојаниот високотехнолошки развој се само дел од клучните зборови што ја опишуваат компанијата, која веќе 27 години е во континуиран раст и развој.