CERMAT, единствениот македонски извозник на сладолед во ЕУ, и оваа година продолжува со рекорден извоз низ светот. Компанијата што се најде на листата на топ 100 извозници во државата повторно бележи раст на производството и на извозот, со најголем процент на извоз во Велика Британија, по која следуваат Германија, Холандија, Шведска, Австрија, Италија, Швајцарија, Данска, Норвешка, Португалија, Кипар, Грција, Хрватска, Чешка, Словачка, Полска, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, БиХ, Бугарија, Ирска и Романија, како и Австралискиот и Африканскиот континент.
Во минатата 2020 година, Cermat успешно реализира рекорден извоз од 6,3 милиони литри, што истовремено е најголемото количество сладолед извезено од државата досега. Дневното производство на компанијата изнесува 500 000 парчиња, што значи дека за само 4 дена CERMAT може да произведе по еден сладолед за секој жител на Македонија, навистина импресивно.
„Рецептот за успешен бизнис во голема мера е сличен како и рецептот за совршен вкус: постојана посветеност, љубопитност, инвестирање и имплементирање нови, модерни трендови во производството… Навистина поставуваме стандарди во производството на производи со врвен квалитет и во грижата за потребите на нашите потрошувачи. Приоритетите се јасни – секогаш биле: грижа за нашиот тим на вработени и задоволување на барањата и очекувањата на нашите драги потрошувачи“, велат од менаџментот на Cermat.
Компанијата, чија силна страна се иновативноста во маестралната изработка на своите продукти и посветеноста во извозот на светскиот пазар, своите успеси ги постигнува благодарејќи на тимот што е искрено посветен на постојаниот развој, љубопитноста и храброста при истражувањето и комбинирањето на вкусовите, но и задоволувањето на желбите на потрошувачите. Флексибилноста во изработката на нови и уникатни форми и вкусови, како и постојаниот високотехнолошки развој се само дел од клучните зборови што ја опишуваат компанијата, која веќе 26 години е во континуиран раст и развој.
Еден од најважните услови за извоз во странство е целосно исполнување на санитарните и безбедносните стандарди. Својот извоз во земјите членки на ЕУ, Cermat го реализира во реномираните синџири: Aldi, Iceland, Spar, Lidl, Bofrost, Caufland, Metro, Coop, Denner, Rewe, Netto, Coles.
Производството на сладолед за домашните и за светските пазари се одвива во исклучително строго контролирани услови, придржувајќи се кон сите светски регулативи во секој дел од процесот на производство, пакување и транспортирање. Доказ за тоа се сертификатите за квалитет што ги има добиено компанијата, а се клучни во успешниот извоз, како што се International Food Standard (IFS) и British Retail Consortium (BRC), кои се однесуваат на безбедност на храната. Cermat ги поседува и сертификатите SMETA Sedex за Корпоративна општествена одговорност, како и стандардот ISO 37001:2016.
Зборувајќи за иднината и плановите за раст и развој на домашниот и на интернационалниот пазар, од компанијата изјавуваат дека фокусот и натаму останува на постојаната иновативност во воведувањето нови производи и комбинации на вкусови и премиум потрошувачкото искуство за секој што ќе посака да биде дел од вкусната приказна наречена Cermat.